18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито Лукс со намалена оперативна загуба

Жито Лукс со намалена оперативна загуба

zito-lukz-564x252

Жито Лукс АД Скопје успеа за три месеци да ја намали оперативната загуба за 10 милиони денари. Тоа значи дека компанијата со преземените чекори за намалување на трошоците ја зголеми својата ефикасност.

Пониските приходи се последица на намалувањето на цените во категоријата леб за 15%, кое се спроведе кон крајот на септември 2013 година.

Во известувачкиот период компанијата започна со активности насочени за промоција на новите производи. Активната комуникација ја зголеми продажбата, а со тоа се зголемија и дистрибутивните трошоци.

Сите останати трошоци покажуваат тренд на намалување споредбено со периодот јануари-септември 2013 година, што ја потврдува посветеноста на компанијата да биде  поефикасна и поефективна во своето работење.

Со речиси 70 годишна традиција во производство на леб, брашно и печива, Жито Лукс АД Скопје е една од ретките компании која работи со високи стандарди на производство. Компанијата поседува сертификат за квалитет и безбедност на храна ISO 22000 : 2005, каде е инкорпориран HACCP стандардот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП