„Microsoft“ ја надмина бројката од десет милиони испорачани примероци од својата конзола „Xbox One“.
Ова преставува двојно зголемување на резултатот од пет милиони конзоли, колку што компанијата имаше испорачано во април.
Иако „PlayStation 4“ на „Sony“ веќе деветти месец поред подобро се продава од „Xbox One“, во последните две недели во САД, конзолата на „Microsoft“ била најпродавана.
Компаниите полека се подготвуваат за празниците кои следат, па така и „Microsoft“ кој ја намали цената на својата конзола, а ова и плус понудата на нови играчки наслови, резултираше со брз раст во продажбата, која е тројно зголемена во однос на една недела пред намалувањето.
„Sony“ десет милиони примероци на „PlayStation 4“ испорача пред три месеци, а до денеска оваа конзола е испорачана во преку 13 милиони примероци.