4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГејтс продаде нов пакет акции од Microsoft

Гејтс продаде нов пакет акции од Microsoft

biki23

Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс кон крајот на октомври продал 20 милиони акции на компанијата, но благодарение на растот на пазарот како целина и на цената на акциите во последните три месеци, неговото портфолиото му останува поскапо, отколку последниот пат кога тој продал акции, покажуваат документите од берзанската регулатор, цитирани од „ComputerWorld“.

На крајот од минатиот месец (од 27-ми до 31-ви октомври), Гејтс продал околу 20 милиони акции на „Microsoft“ при цена во опсег 42,92 – 45,76 долари за една акција. На овој начин вкупната сума на продадените акции достигна 925 милиони долари, стана познато од документите на американската Комисија за хартии од вредност и берзи на САД (Securities and Exchange Commission – SEC).

На крајот на оваа последна распродажба, Гејтс имал 278 милиони акции во вредност од околу 13,6 милијарди долари при цени на акциите при затворање на тргувањето на 10-ти ноември. Кога Гејтс за последен пат продаде акции во почетокот на август, во неговото портфолио му останаа 298 милиони акции, а тие беа проценети на околу 12,9 милијарди долари.

Само за три месеци цената на акциите на „Microsoft“ се зголеми за 12,7%.

Секоја година основачот на „Microsoft“ продава по околу 80 милиони акции на концернот и ги донира добиените средства за добротворни цели. Ако го задржи ова темпо на продажба, поранешниот извршен директор на компанијата ќе ги продаде сите во период од 4 години.

Во април 2014-та година, исто така, поранешниот директор на компанијата Стив Балмер го надмина Гејтс од неговата позиција на најголем акционер на „Microsoft“. Балмер е сопственик на 333 милиони акции на „Microsoft“ со вкупна вредност од 16,3 милијарди долари.

Во февруари Балмер поднесе оставка по 14 години во топ менаџментот на групацијата. Истовремено Гејтс ја напушти функцијата на претседател на Управниот одбор. Тој некое време ќе се посвети во борбата против болестите. За таа цел заедно со неговата сопруга, тој ја создаде Фондацијата „Bill & Melinda Gates“ во која вложи голем дел од своето богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП