2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови блутут слушалки Соло 2 од Епл и Битс

Нови блутут слушалки Соло 2 од Епл и Битс

bets

Компаниите Епл и Битс го потврдија доаѓањето на нови Блутут слушалки Битс Соло 2.

Новите слушалки се прв производ што ќе се најде на пазарот по преземањето на компанијата Битс од страна на Епл. Слушалките ќе имаат бежичен радиус до девет метри, а преку нив корисниците ќе може да менуваат песни, подесуваат тон и да одговорат на телефонски повици.

Епл и Битс слушалките на пазарот ќе ги претстават на крајот на ноември и ќе бидат достапни во црна, бела, сина и црвена боја.

Битс ќе нуди и „класични“ Соло 2 слушалки со кабел, што ќе бидат достапни во Стоун сива, Хантер зелена, Империјал розова, Блуш црвена и Сафирно сина боја.

Цената на новите Битс Соло 2 слушалки ќе изнесува 300 долари во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП