Врз бразилската фудбалска легенда Пеле, денеска беше извршена успешна операција, при што му е отстранет камен од бубрег.
Тој синоќа беше хоспитализиран во болница во Сао Паоло, откако се пожалил на големи стомачни болки.
Од болницата стигнаа информации дека поранешниот бразилски репрезентативец и еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, е во стабилна здравствена состојба и дека во наредните денови се очекува негово закрепнување.