20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Жито Лукс“ со нов бел леб на парчиња за подолго уживање...

„Жито Лукс“ со нов бел леб на парчиња за подолго уживање во вкусот и до 7 дена

zitoluks

Најпознатиот производител на леб во Македонија „Жито Лукс“ го збогати прехранбениот пазар со нов бел леб на парчиња  чија свежина и вкус трае и до 7 дена.

Долгото и врвно пекарско искуство и постојаното вложување во технологијата овозможи Жито Лукс да им понуди на своите потрошувачи леб со продолжена свежина без додаток на конзерванси.

Продолжената свежина е добиена со иновативниот метод на пакување и пастеризација која се состои од две фази на печење преку кои лебот го задржува вкусот, квалитетот на составот и сите хранливи состојки низ целата седмица.

„Имајќи го предвид интензитетот на денешното време и брзината на современиот начин на живот, решивме на нашите потрошувачи да им излеземе во пресрет со нов производ, бел леб на парчиња што го задржува вкусот и до 7 дена. Создавањето на белиот леб на парчиња со продолжена свежина за специфичните потреби на нашите потрошувачи беше овозможено од нашето долгогодишно пекарско искуство, напредниот процес на пастеризација што го користиме како и квалитетот на состојките кои ги употребуваме“, изјави Даница Ническа, Продукт менаџер во Жито Лукс.

И со овој нов производ, Жито Лукс ја продолжува својата мисија за збогатување на понудата на лебови соодветно на барањата и на најпребирливите потрошувачи, како и континуирано подобрување на квалитетот на лебот без притоа да се додаваат конзерванси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП