26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУспешно спроведен проект на Пакомак „3Д Еко автобус“ во основните училишта во...

Успешно спроведен проект на Пакомак „3Д Еко автобус“ во основните училишта во Карпош

Print

3300 Ученици од I-V одделение беа дел од еколошкото патување во “3Д Еко автобусот“, караванот пордолжува понатаму и во другите скопски училишта

Веќе цел месец во рамките на основните училишта во општина Карпош се одвиваше едукативниот проект на Пакомак „3Д Еко автобус“наменет за ученици од прво до петто оделение. До сега беа опфатени 10 училишта од општината, а наствата ја посетија 3300 ученици. Караванот продолжува во општина Аеродром и идејата е да посетат вкупно 60 основни училишта, од 6 општини од Скопје или поточно  19.000 деца од прво до петто одделение.

Проектот е замислен како 40 минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3D филм и игра-тест со систем за интерактивно поврзување со публиката која се одвива во рамките на еколошкиот автобус, стациониран во близина на училиштата. Целта е преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и личен позитивен однос кон одделно собирање на отпадоците од пакување и придобивките за сите нас, градот, во кој живееме, животната средина и општеството како целина, како и формирање на навики за секојдневно одговорно однесување кон околината. Овој проект минатата година во Бугарија се покажа како извонредно успешен, па позитивните искуства од соседството Пакомак ги пренесува и во училиштата кај нас со цел да се мотивираат децата за активно однесување и пренесување на наученото меѓу пријателите и во семејната средина.

Според наставниците овој проект го привлекло и задржаловнимението на учениците. „Преку разговорите кои ги имавме после наставата се чини дека нивната мотивираност и желбата да се инволвираат во процесот на рециклирање е поискристализирана. Поставуваат прашања и даваат идеи за тоа како подобро да се организираме за да собереме што повеќе пластичен отпад. Задоволстовто да се видат позитивните резултати од напорите кои ги прави Пакомак за да ги едуцираме во вистинска насока најмладите е навистина голема“, изјавија наставниците од училиштaтa“, вели една од наставничките од основното училиште Јан Амос Коменски.

Дополнително на веб страницата на Пакомак има квиз натпревар на кој што децата после презентацијата можат да го играат со своите родители со цел заеднички да се едуцираат и информираат за рециклирањето.

Пакомак е непрофитабилна компанија која има за цела да остави печат на позитивни и социјално одговорни промени во општеството. Општествената одговорност за Пакомак е бизнис-императив и како успешна и современа компанија има влијание врз своите партнери, околината и врз целото општество. Пакомак на општествената одговорност гледа како на стратешка цел на долг рок, која има за крајна цел подобрување на целокупниот квалитет на живот во окружувањето во кое дејствува, преку грижата за животната средина која е и основна дејност на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП