11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube ja претстави својата платена музичка услуга (видео)

YouTube ja претстави својата платена музичка услуга (видео)

nova youtube

По неколку месеци шпекулации, „YouTube“ официјално ја претстави својата платена музичка услуга. Таа се нарекува „YouTube Music Key“ и ќе стартува со работа веќе следната недела, објави компанијата.

Според традицијата на „Google“, услугата прво ќе биде во бета верзија. Пристап до неа ќе има само со покани. Таа ќе чини 9,99 долари месечно и ќе обезбедува пристап до каталогот на „YouTube“ и „Google Play Music“. Тие што сакаат да се претплатат за „Google Play Music“ и да добијат пристап до „YouTube Music Key“, ќе можат тоа да го сторат додека услугата да е достапна во нивната земја.

Нема да има реклами во платената секција и песните ќе можат да се слушаат и без интернет конекција. Тие ќе бидат достапни не само како музичка датотека, така и како видео клип. Меѓу најинтересните новини ќе е можност за создавање на плејлисти од музичките експерти на „Google“, кои потоа ќе можат да се слушаат од корисниците.

„YouTube Music Key“ се очекува повеќе од една година. Компанијата, сепак неколку пат ја одложуваше услугата. Таа сакаше да ги надмине целосно односите со носителите на правата. Сега претстои постепено додавање на повеќе музика во каталогот и развој на нови услуги.

Самите функции ќе почнат да се појавуваат како надградби во апликациите на „YouTube“ за „Android“ и „iOS“ од понеделник. Компанијата исто така ќе праќа покани кон произволни корисници. Оние кои ќе добијат покана преку е-маил или во самата апликација на „YouTube“ за пример, ќе имаат можност да ја пробаат услугата шест месеци бесплатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП