25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на концернот E.ON за 25 проценти

Пад на профитот на концернот E.ON за 25 проценти

e.on

Нето профитот на германскиот енергетски концерн „E.ON“ за девет месеци од оваа година се намали, во споредба со истиот период минатата година, за 25 проценти на 1,43 милијарди евра.

Приходите на концернот за тоа време се намалени за девет проценти на годишно ниво, на 81,35 милијарди евра, пренесува агенцијата Тас.

Индикаторот ЕБИТДА (добивката пред оданочување, камата и амортизација) од јануари до крајот на септември изнесуваше 6,64 милијарди евра, што е за седум проценти помалку во однос на првите девет месеци во 2013 година.

Инвестициите на компaнијата се преполовени, на 3,14 милијарди евра.

Обемот на продажба на гас во тој период е намален за 14 проценти и достигна 75,4 милијарди кубни метри. Продажбата на електрична енергија истовремено е зголемена за два проценти, на 547,8 милијарди киловат-часови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП