16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКинески Vivo го подготвува смартфонот X5 Max

Кинески Vivo го подготвува смартфонот X5 Max

vivo smartfon

Додека не се направат услови за изработка на смартфон со дебелина од само 3.8 милиметри, кинеските производители ќе се задоволат и со модел со дебелина од 4,75 милиметри. Барем така се наведува во службената објава на друштвената мрежа „Weibo“, која воедно е проследена со соодветен маркетинг материјал.

Со новиот „X5 Max“ смартфон, „Vivo“ има намера од тронот да ја симне компанијата „Oppo“ со нивниот „R5“ смартфон. Имено, потенок е од моменталниот носител на титулата најтенок смартфон на светот, а истата ја заработи благодарејќи на дебелината на куќиштето од само 4,85 милиметри.

„X5 Max“ според најавите би требало да има дебелина од 4,75 милиметри, што ќе биде многу тешко да се забележи со голо око.

Што се однесува  до спецификациите „X5 Max“ би требало да има екран со дијагонала од 5.5-инчи и резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Ќе го користи процесорот на „Mediatek“ со осум јадра и такт од 1,7 Ghz, а се очекува овој уред да користи RAM, кој најверојатно ќе биде од 2 GB. Кога станува збор за софтверот, „Vivo“ ја наведува најновата „KitKat 4.4.4“ верзија на „Android“.

Треската околу селфи фотографиите не го заобиколи ниту овој производител, па така предната камера ќе има резолуција од 5 MP, додека задната камера ќе има резолуција од 13 MP. На домашниот (кинескиот) пазар би требало да се појави во декември, но засега по непозната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП