23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИFerrari ќе се појави на берзата во средината на 2015-та

Ferrari ќе се појави на берзата во средината на 2015-та

ferrari-at-the-detro-2_600x0w

Иницијалната јавна понуда на акции на „Ferrari“ се очекува во вториот или третиот квартал од 2015-та година, порачуваат од групацијата „Fiat Chrysler“, сопственикот на овој италијански производител на автомобили.

Извршниот директор на „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA), Серџо Маркионе минатиот месец рече дека има во план да го одвои работењето на „Ferrari“ од групацијата, да продаде 10 проценти удел од овој луксузен производител по пат на берза, а остатокот од уделот на „FCA“ во „Ferrari“ да биде дистрибуиран на акционерски групи.

Тој порача дека е во ред „FCA“ и „Ferrari“ да продолжат на различни патеки, по завршеното соединување на „Fiat“ и американски „Chrysler“.

Одвојувањето на „Ferrari“ е дел од поширокиот план на „FCA“ за собирање на дополнителен капитал, кој исто така вклучува одвојување на 2.5 милијарди долари вредни конвертабилни обврзници, со цел да се намали долгот и да се финансира амбициозниот план за развој на седмиот поголемина светски производител на автомобили.

Експертите одамна предвидуваат одвојување на „Ferrari“ од „FCA“, затоа што Маркионе настојува да ја зголеми вредноста на различни брендови од групацијата, но компанијата нема во план да ги одвојува останатите луксузни бредови, меѓу кои се „Alfa Romeo“ и „Maserati“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП