20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo ја превзема компанијата BrightRoll

Yahoo ја превзема компанијата BrightRoll

yahoo.brightroll.290x195

Интернет гигантот „Yahoo“ ја извести јавноста дека за сума од 640 милиони долари ќе ја превземе компанијата „BrightRoll“, специјализирана за дигитално видео рекламирање на интернет.

Со ова превземање се очекува да се зајакне видео-рекламната платформа која „Yahoo“ во моментов ја има, па таа би требало да стане водечка таква услуга во САД.

По повод ова соопштение, Извршниот директор на „Yahoo“, Мариса Мајер, изјави дека во нивната корпорација „видеото“ е идентификувано како еден од клучните фактори за раст, па во таа насока оди и најновата аквизиција.

„BrightRoll“ инаку има годишни приходи во висина од 100 милиони американски долари, а клиенти им се некои од најголемите светски потрошувачки брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП