
„Aston Martin“ без многу фанфари го претстави уникатниот „DB9 Volante“ креиран од страна на нивното „Q“ одделение.


„Aston Martin“ без многу фанфари го претстави уникатниот „DB9 Volante“ креиран од страна на нивното „Q“ одделение.

Oвој модел го карактеризира „Morning Frost“ екстериерот со бела боја и украсни компоненти со сина боја изработени од јаглеродни влакна, мек покрив во сина боја, а тука е и сетот на нови алуминиумски тркала.

Двобојниот дизајн продолжува и внатре во кабината каде се видливи седиштата преслечени со кожа во сино-бела комбинација.

За моќта е задолжен 6.0-литарски V12 мотор кој развива 510 ks излезна моќ и 620 Nm вртежен момент, а поврзан е со „Touchtronic 2“ шестстепената трансмисија која на возилото му овозможува забрзување до 100 km/h да го постигне за 4.6 секунди.