„Microsoft“ одлучи и официјално да го преименува „Lync“ во „Skype for Business“, планирајќи да им понуди на бизнис корисниците мешано решение кое го нуди најдоброто од двете апликации, нормално, со фокусот на комуникациите.
„Skype for Business“ доаѓа со сите актуелни можности на „Lync“, но додадени се и некои нови функции, па компанија порачува дека постоечките корисници нема да го загубат факторот на блискост кога ќе се заврши со преименувањето.
Во овој момент „Lync“ веќе поддржува инстант пораки и аудио повици со „Skype“ контактите, но откако ќе заврши соединувањето, „Skype for Business“ исто така ќе понуди и видео повици и пристап до „Skype“ корисничкиот директориум.
Со интеграцијата на „Lync“ во серијата на производи на „Skype“, „Microsoft“ се обидува да им понуди на бизнис корисниците подобро решение со цел да бидат во контакт со партнерите и вработените.
„Skype“ иконите за повици, додавањето видеа и натаму ќе бидат присутни, што би требало да обезбеди еден вид на полесно користење за оние кои претходно го користеле овој „VoIP“ клиент.