4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата номенклатура на германскиот производител (фото)

Новата номенклатура на германскиот производител (фото)

nomenklatura

По неофицијалните најави, „Mercedes“ го претстави новиот, делумно променет систем за обележување на своите модели.

Моделите кои го сочинуваат јадрото на гамата на „Mercedes“ (A, B, C, E и S Сlasѕ) ќе ги задржат постоечките ознаки. Покрај основните верзии, во ова група на возила се наоѓаат и караван, купе и кабриолет верзиите.

Двете купе лимузини, или како што германскиот производител ги нарекува таквите модели – купе со 4 врати, и натаму ќе ги имаат досегашните ознаки, „CLA“ и „CLS“ (со додаток за „Shooting Brake“ верзија), a актуелното име ќе го задржи и спортскиот „Mercedes SL“.

За разлика од нив, „Mercedes SLK“ ќе промени една буква во ознаката и ќе стане „SLC“.

Најмногу промени ќе претрпат групата на кросовери и „SUV“ возила. Најстариот (G-Сlasѕ) и најмладиот (GLA) модел од оваа група ќе ги задржат актуелните ознаки, додека „GLK“ во иднина ќе биде „GLC“, „ML“ ќе стане „GLE“, a најголемиот „SUV“ на „Mercedes“ повеќе нема да биде „GL“, туку „GLS“.

nomenklatura1

На постоечките „SUV“ модели наскоро ќе им се придружи и најавениот ривал на „BMW X6“. Oвој автомобили ќе биде заснован на „Mercedes Concept Coupe SUV“, кој беше претставен во април 2014-та, а според новата номенклатура ќе ја има ознаката „GLE Coupe“.

Mercedes“ се обиде ознаките на „SUV“ моделите да ги направи логични, па така да им додели имиња во кои на последната буква ќе се означува големината на возилото и местото во гамата – „GLA“, како најмал, симболично одговара на „A-Сlasѕ“, нешто поголемиот „GLC“ на „C-Сlasѕ“, и така натаму.

Исклучок е „Mercedes G-Сlasѕ“, кој како единствен вистински теренец на германскиот производител ја задржа единствената ознака.

Покрај промената во името на моделот, „Mercedes“ ја претстави и новата номенклатура на погонските системи.

nomenklatura2

Моделите со бензински мотори ќе ги задржат досегашните ознаки, но дизелите отсега на крајот наместо ознаката „CDI“ и „BlueTEC“ ќе имаат и мала буква „d“.

Буквата „c“ на крајот на името ќе означува дека станува збор за модел чиј погон користи компримиран природен гас (CNG), додека „Plug-in“ хибридите и електричните модели како додаток ќе ја добијат буквата „e“.

Дека во автомобилот се крие хибриден погонски систем, ќе ви биде јасно кога на задниот дел на „Mercedes“ ќе ја видите малата буква „h“, додека „f“ е резервирано за возилата со водородни горливи ќелии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП