23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ги претстави AKA смартфоните (видео)

LG ги претстави AKA смартфоните (видео)

aka lg

„LG“ официјално претстави интересна група на „Android“ телефони, наречени „Aka“, кои имаат „очи“ на куќиштето и се обидуваат да постигнат емоционална конекција со корисникот. Постојат четири видови на „Aka“ телефони, со сопствени имиња и личности.

„Eggy“ е жолт и лесно се вљубува, „Wooky“ е бел и помалку е груб, „Yoyo“ е розев и има проблеми да се придржува на својата диета, додека „Soul“ доаѓа во црна боја и е љубител на музиката. Тука е и позадинската приказна во врска со „Aka“ телефоните, која вклучува инвазија на вонземјанци.

Самиот телефон припаѓа во сегментот на средната класа. Опремен е со 5-инчен 720p екран, работи под „Android 4.4 KitKat“ оперативниот систем и има 1.2GHz четиријадрен процесор, 1.5GB RAM, камера од 8MP на задната страна и од 5MP на предната, 16GB простор за складирање, „microSD“ слот, „LTE“ поддршка и 2610mAh батерија. Камерата на телефонот има ласерски фокус, а заштитниот знак на „LG“ – копчињата за звук на задната страна, се присутни и тука.

„Очите“ на „LG Aka“ реагираат на дејностите на корисникот и служат за еден вид известување. Тие се вртат кога ќе го потресете телефонот, гледаат доле кога го вадите телефонот од куќиштето и слично. Бојата на очите се менува од црвена во зелена со цел да покажат некоја одредена емоција.

Можно е да се одберат различни куќишта, кои овозможуваат менување на „Aka“ личностите. „LG Aka“ засега е достапен во Јужна Кореја, по цена од 455 долари, но не е познато дали телефонот ќе се појави и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП