8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung инвестира 3 милијарди долари во нова фабрика за паметни телефони во...

Samsung инвестира 3 милијарди долари во нова фабрика за паметни телефони во Виетнам

South Korea Samsung Galaxy S4

Јужнокорејскиот „ Samsung Electronics“ побара од виетнамските власти дозвола за три милијарди долари инвестиции во изградбата на уште една фабрика за паметни телефони на северот во оваа земја, објави во понеделникот неименуван извор.

„Samsung Electronics“ има намера во виетнамската провинција Тхаи Нгујен на северниот дел од земјата да изгради уште една фабрика, откако во март отвори погон вреден две милијарди долари, изјави висок претставник на провинцискиот Оддел за планирање и инвестиции. Тој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен да разговара со медиумите за тоа прашање, наведува Ројтерс.

„Работиме на тој проект. Треба да се решат уште неколку работи“, изјави тој.

Портпаролот на „Samsung Electronics“ за Ројтерс изјави дека компанија преговара со виетнамската влада за инвестиции до три милијарди долари во бизнисот со паметни телефони. Одлуката за роковите за одделни фази во инвестирањето и за конечниот износ допрва треба да биде донесена, напомена портпаролот.

„Samsung Electronics“ го зголемува производството во Виетнам за да ги намали оперативните трошоци и да биде посилна конкуренција за ефтините паметни телефони од кинеските конкуренти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП