9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi подготвува нови седани засновани на Nissan-Renault производите

Mitsubishi подготвува нови седани засновани на Nissan-Renault производите

lancer st

Конечно се појавија нови детали за соработката меѓу „Mitsubishi“ и „Renault“. Овие две компании во ноември минатата година, одлучија да ги здружат силите и да ги делат производите, технологиите и производните капацитети, а сега се чини дека е договорен и следниот чекор.

„Mitsubshi“ ќе претстави компактен седан заснован на производите на „Renault“ или „Nissan“, кој би требало да го замени актуелниот „Lancer“, кој не се прослави со својата продажба.

Се уште не е постигнат договор за тоа и дали споменатиот модел ќе биде заснован на „Renault“ или „Nissan“, a истото важи и за одлуката за местото каде ќе се извршува производството. „Mitsubishi“ најави дека компактниот седан ќе биде глобален модел, што значи дека и купувачите во Европа ќе можат да дојдат до него.

Постои можност за развој и на седан од средна големина, заснован на моделот „Renault Latitude“ (Samsung SM5), кој ќе се продава во САД и Канада. Него ќе го произведува „Renault Samsung“ во Јужна Кореја, а во продажба ќе се најде за две до три години, според зборовите на директорот на „Mitsubishi“, Oсамуа Масукоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП