3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнтервју со Дејан Димовски, архитект на Џевахир Скај Сити

Интервју со Дејан Димовски, архитект на Џевахир Скај Сити

cevahir

Денар: Како архитект на Џевахир Скај Сити, што според вас е најголемиот предизвик кога станува збор за конструкција од 40 ката?

Најголемиот предизвик на дизајнот и проектот од оваа неверојатна архитектонска структура беше да им се овозможи на сите станари чувството дека го имаат Скопје на дланка, чувство како да се плови по облаците и посегнува по ѕвездите а во исто време животната тривијалност да биде блиска и во реално време достапна. Со незаменлив поглед на урбаното Скопје и живописното Водно, да се издвојат од градската врева а сепак да бидат дел од истата животна раздвиженост.

deva

Денар: Дали работевте сами или големината на самиот проект бараше инволвирање на поголем тим од архитекти? 

Ова е навистина голем проект и токму заради сложеноста на објектот, потребна беше изработка на комплексен проект од меѓународен тим којшто беше составен од професионалци од различни полиња, архитекти, градежни инженери и други професии. Сите тие имаат претходно соодветно искуство со ваков тип на објекти, а тука секако влегуваат и посебните барања и следење на спецификите од инвеститорот, стандардите и нормативите според Законот, условите на локацијата и теренот и што е најважно, потребите на корисниците на овие содржини. Сето тоа требаше да в компонира и да се состави во совршена хармонична функционалност.

centa

Денар: Ова е комплекс што покрај станбениот дел внатре во себе содржи и неколку различни содржини, како тие се стилски и технички синхронизирани?

Cevahir Sky City e комплекс кој во себе инкорпорира современ објект со различни содржини, стилски и технички синхронизирани. Секоја од содржините функционираат независно меѓутоа се дел од единствен систем кои може централно да се координира. Комплексот е составен од четири станбени кули од по 40 ката овозможувајќи современ стандард на живот, трговски центар кои ги следи модерните текови на движење, гаражен и енергетски дел. Станбените кули содржат 1376 станови од различен тип. Висината на објектите овозможува единствено доживување на градот во секое време на денот, како и внатрешен комфор кој задоволува различни потреби во секое годишно доба. Доживувањето почнува од срдечното Добредојде од Рецепцијата, па сé до секојдневните услуги кои го олеснуваат животот. Покрај сите овие услови на живеење, комплексот нуди и квалитетно користење на слободното време со содржини како затворени базени, турска бања и сауни. Вертикалната комуникација е решена со повеќе лифтови со висока брзина и ниска бучност. Станбените кули се поврзани директно со гаражниот простор како и трговските содржини од комплексот. Проектот решава системи кои досега не биле изведени во регионот и пошироко и затоа слободно можеме да кажеме дека комплексот Cevahir Sky City со својата големина и специфичност има тежина на регионален проект.

tenta

Денар: Соодветно на специфичноста на проектот, дали бараше употреба на посебни, градежни материјали? 

Специфичноста и посебноста во изборот на материјали и техники во изградбата на комплексот е суштинско и можам да кажам од приоритетна важност. Темелите на комплексот одат до длабочина од 24 метри и 1 метар во дијаметар, со систем на шипови. Има вкупно 716 шипови. Конструкцијата е армирано – бетонска со систем на платна кои се изведуваат со помош на тунелска оплата која овозможува брза, чиста и прецизна изведба на бетонот и истото го сведува на ниво на монтажа. Употребени се високи марки на бетон и арматура која е карактеристична за високи објекти од вакви размери. Додека пак фасадата која што е исто така специфична, како и целиот проект е решена со панелен монтажен систем, од технологијата на GRC, односно армиран – бетон со стаклени влакна, изолиран со камена волна и носен од подконструкцијата. Би сакал да истакнам дека овој тип на технологија  во комплексот Скај Сити се користи за првпат и досега воопшто не е употребен во Македонија а и во регионот.

sefte

Денар: Кои се архитектонските предности на комплексот?

Џевахир Скај Сити е комплекс кој што е создаден од предности. Секој аспект, почнувајќи од концептот, создавањето на проектот, изборот на материјалите за градба, изборот на содржини што се придружни на станбениот комплекс, распоред на собите и конечниот изглед на становите е предност. Сето тоа е создадено со висока животна функционалност и импресивна естетика. Не попусто од самиот почеток на реализација на идејата се водевме од поставената цел и мисија, да создадеме место каде што животот ќе се одвива без ограничувања. Покрај придружните содржини кои се ексклузивни сами по себе, предноста на комплексот е вградена и внатре во автентичниот и впечатлив дизајн, односно употребата на украсен малтер на ѕидовите, водоотпорна пластична боја базирана на антибактериски акрил на внатрешните ѕидови и таваните, спуштени тавани со метални плочи во бањите, висококвалитетна керамика во бањите, кујните и ходниците, како и висококвалитетна нелизгава керамика на подовите на терасите и балконите. Исто така користиме ламинатен паркет со висок квалитет, огледални ормани, внатрешни врати отпорни на пожар, челични влезни врати, рефлектирачко термопан стакло за прозорците, вградена и инсталирана кујнска опрема вклучувајќи рерна, плотна, аспиратор, микробранова печка, машина за садови и ладилник.

gefo

Денар: Колку Џевахир Скај Сити стилски се вклопува во урбанистичката и архитектонски стилската слика на Општина Аеродром?

Општина Аеродром е високо функционална населба и со лоцирањето на Џевахир Скај Сити воопшто не е нарушена оваа функционалност. Со неколку трговски објекти, банки, 3 поголеми универзитети, 4 основни училишта и 3 средни, неколку детски градинки, многу паркови и зеленило и сето тоа во радиус од само 3 километри е сосема независна урбана средина. Друго обележје на оваа општина е урбаниот и модерен изглед каде се вклопуваме совршено, всушност мислам дека дополнително придонесуваме со изгледот, содржините и концептот на комплексот кон овој модерен градски епитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП