9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСимболот на Renault од Алжир (фото)

Симболот на Renault од Алжир (фото)

alzir fabrika

Францускиот производител на автомобили „Renault“ ја отвори повеќе од стотина милиони евра вредната фабрика во Алжир.

Во сопственост на „Renault“ е 51 процент од акциите во фабриката, во која почетниот производен капацитет е од 25.000 возила.

Во погоните ќе се произведува лимузината „Ѕimbol“, која ќе се продава на пазарите на кои не се преферираат хечбек модели.

alzir fabrika1

Почетниот производен капацитет од 25.000 автомобили годишно со текот на времето би требало да порасне на 75.000 возила. Производството ќе биде наменето за алжирскиот пазар, вториот поголемина во Африка, кој годишно увезува повеќе од 400.000 aвтомобили.

Француските министри за надворешни работи и економија, Лорен Фабијус и Емануел Маркон заедно со алжирскиот премиер Абделмалек Селал, присуствуваа на излегувањето на првиот автомобил од производната лента во фабриката која се наоѓа во алжирскиот град Оран.

alzir fabrika2

Договорот за заедничка инвестиција е потпишан во декември 2012-та година, при посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на оваа земја. Извори од Алжир говорат дека вкупното вложување во оваа фабрика ќе изнесува околу 800 милиони евра.

Renault“ има фабрика и во Мароко, каде минатата година беа произведени 100.000 возила, од кои 90 проценти беа извезени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП