20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИJailbreaking и rooting не се кривично дело!

Jailbreaking и rooting не се кривично дело!

jailbraking

Многу од корисниците на смартфони и таблети, без разлика дали се „iOS“ или „Android“ корисници, преферираат „jailbreak“ или „root“ на своите уреди за да можат подобро да ги прилагодат на своите потреби. Но оваа практика не ја прифаќаат сите производители на уреди, па така „jailbreaking“ и „rooting“ се казнуваат.

„Electronic Frontier Foundation“ (EFF) во својот пост, кој неодамна беше објавен, наведува дека оваа процедура сака да ја направи легална, затоа што според нив „jailbreaking“ не е криминал.

„EFF“ минатата недела поднесе петиција за продолжување и проширување на ослободувањето на „jailbreak“ од рестрикциите кои го прават криминална работа и тоа без повреда на „Digital Millennium Copyright Act“ (DMCA).

EFF“ ваквиот чекор се обиде да го реализира во 2010-та и 2012-та година, но благодарејќи на фрустрирачкиот начин на кој „DMCA“  со исклучоци го спроведува, групите како што е „EFF“ мораат петицијата да ја спроведуваат на секои три години.

„EFF“ наведува дека „jailbreak“ и „root“ операциите за корисниците се важни од гледна точка на безбедност, затоа што ова е еден од клучните чекори пред инсталирање на безбедносното надоградување за кој повеќе нема поддршка.

Исто така, „EFF“ додава дека законите за авторски права не би требало да имаат влијание на „jailbreaking“ на уредите, но тоа не е случај во овој момент и тоа е тоа со што оваа организација се бори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП