21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAldi има долгорочен план во Британија

Aldi има долгорочен план во Британија

aldi 3

Германскиот ланец на супермаркети „Aldi“ соопшти дека до 2022-ра ќе отвори 35.000 нови работни места во Велика Британија.

„Aldi“ двојно ќе го зголеми бројот на вработени и ќе ја проширува мрежата на продавници со цел да одговори на зголемената побарувачка.

Компанијата во наредните осум години ќе вложи 600 милиони фунти (765 милиони евра) во тој проект, во време кога германските супермаркети нудат поповолни цени кои ги привлекуваат купувачите, за разлика од претходно, кога тие ги одбираа домашните синиџири на маркети.

Aldi“ ја соопшти новоста во своето седиште во Атерстон во централна Англија во присуство на британскиот премиер Дејвид Камерон и министерот за финансии, Џорџ Озборн, кои ги поздравија новите работни места и ширењето на мрежата на супермаркети на 1.000 до 2022-та.

„Планот на „Aldi“ да отвори десетина илјади нови работни места ширум земјата, ја покажува довербата на компанијата во нашата долгорочна економска програма за поддршка за компаниите, вработеноста и светлата иднина за Британија“, вели Камерон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП