3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБразилци го купија симболот на Лондон

Бразилци го купија симболот на Лондон

krastavica 333

Еден од најпопуларните лондонски облакодери со прекар „краставица“ е купен за над 700 милиони фунти (1.11 милијарди долари) од страна на бразилската банкарска група „Safra Group“, контролирана од милијардерот Јозеф Сафра.

Со над 200 барања од целиот свет, „Safra Group“ ќе се здобие со највисоката речиси 180 метри деловна зграда во главната финансиска област на Лондон од „Deloitte LLP“. Договорот става крај на шпекулациите дека странски државен инвестициски фонд ќе ја купи проектираната зграда од Норман Фостер, која со својата силуета го краси Лондон и е уште еден пример за купување на имот во англиската престолнина од странска компанија.

Богатството на Јозеф Сафра, кој е втор најбогат Бразилец, се проценува на 12.2 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Се смета дека тој платил околу 700 милиони фунти за овој објект.

„Зградата е едвај 10 години стара, но веќе има легендарен статус и се разликува од останатите на пазарот, со одличен потенцијал за раст на вредноста“, се вели во соопштението.

Фонд, управуван од „IVG Immobilien AG“ и „Evans Randall“, ја купи зградата од „Swiss Re“ за 600 милиони фунти (953.7 милиони долари) во 2007-ма година. Во последните пет години сосопствениците сепак се во долгови по земениот заем од 395 милиони фунти од германски конзорциум од банки за стекнување на зградата. На крајот на краиштата, „Deloitte“ беше ангажиран во јули од доверителите на зградата, за да ја продаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП