11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПодобрена верзија на Maserati GranTurismo MC Stradale

Подобрена верзија на Maserati GranTurismo MC Stradale

maserati

На саемот во Женева, „Maserati“ официјално ќе ја претстави подобрената верзија на моделот „GranTurismo MC Stradale“. Во споредба на својот претходник, новиот модел ќе има за 10 ks посилен V8 мотор.

Најголемите промени во изгледот се однесуваат на обликот на капакот на моторот, кој на средината доби отвор за воздух. Како и кај претходната верзија, тука се и специјално дизајнираниот заден браник со две централно поставени издувни цевки и 20-инчни алуминиумски бандажи.

maserati 2

Во „Maserati“ велат дека кабината, која е за 2+2 лица, опремена со нови материјали и друга завршна обработка.

Моторот од 4.7 литри и V8 единици е превземен од моделот „GranTurismo Sport“, а располага со 460 ks (10 ks од претходната верзија i 520 Nm максимален вртежен момент.

Моторот е поврзан со шестобрзински „MC Race Shift“ менувач, а стрелката на брзинометарот застанува на максималните 302 km/h. Податоците за забрзувањето не се објавени, а претходниот модел до 100 km/h доаѓаше за 4.6 s.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП