28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрата бизнис лимузина на сите времиња: Volkswagen го претставува новиот Passat

Најдобрата бизнис лимузина на сите времиња: Volkswagen го претставува новиот Passat

pasati

-Иновација, раскошни перформанси, изразена естетика, поврзување, ефикасност, врвен квалитет и безбедност споени во новиот Volkswagen Passat

-Со големиот спектар на системи за помош на возачот автомобилот ги надминува границите на својата класа

-Најмоќниот дизелски агрегат има 240 КС, автоматски DSG менувач и погон на сите тркала. Автомобилот троши само 5.3 литри на 100

Новиот Volkswagen Passat најпрво ја имаше својата светска премиера во Потсдам. Потоа осмата генерација на најпродаваниот модел со целиот свој сјај блесна и беше главна ѕвезда на автомобилскиот саем во Париз. Се е ново кај новиот Passat.

Со новиот дизајн, новата технологија, новите мотори и големите можности кои ги нуди, Passat повторно поставува нови стандарди во класата. Преку лесната конструкција тој е за 85 kg полесен, а потрошувачка на гориво е помала за 20%. За прв пат најпродаваниот бизнис автомобил ќе има и своја хибридна верзија – Passat GTE.

Досега продадени се 22 милиони автомобили Passat, а само во 2013 година преку 1.1 милиони возачи се одлучија за најстариот активен модел на Volkswagen. Во Македонија моделот ќе биде претставен на почетокот на декември.

toj

Новиот дизајн јасно го комбинира стилот, големата моќ и контролата. Дизајнот не е ексцентричен туку експресивен и ќе остави белег на своето време. Направен врз база на МQB платформата, новиот Passat е целосно подобрен и значително подинамичен: поширок, понизок, со подолго меѓуоскино растојание и поголеми тркала. Преку зачувување на сите претходни функционални вредности, новиот Passat денес добива уште поголемо значење, а сега дополнително се здоби со ексклузивност и динамика. Новите LED предни светла кои се достапни без доплата во „Highline” нивото на опременост, му даваат доминантен изглед, а со тоа моделот преминува во сосема нова класа. Новиот Passat претставува нов вид на бизнис автомобил, поставен меѓу средната и премиум класата, односно меѓу Б и Ц сегментот, особено на полето на удобноста.

Соодветно на експресивниот надворешен изглед, внатрешноста е дизајнирана  со високо ниво на естетика, прецизност и квалитет, токму како што му прилега на новиот софистициран Passat. Веднаш се забележуваат новите дизајнерски решенија како на пример  концизните континуирани хоризонтални отвори за воздух  и новите технолошки решенија, како трозонскиот автоматски клима уред, екстремно тенките амбиентни светла и интерактивните дигитални инструменти на опционалниот „Active Info“ дисплеј, со кои внатрешноста изгледа авангардно и ексклузивно, повеќе од било кога досега.

jas

Новиот Passat нуди поголема удобност и сигурност. Новите системи за помош на возачот, информативно забавните системи и опциите кои овозможуваат различни удобности  ја прават индивидуалната мобилност долготрајна, повеќе поврзана,  комуникативна и многу побезбедна. Новиот Passat со целата своја технологија е толку напреден што ги преминува границите на класата. Покрај новите технологии кои се наменети за возачот, автомобилот може да поседува и информативно забавен систем наменет за задните седишта кој преку апликација се поврзува со таблет компјутерите, дополнително се вградуваат и безбедносните системи: City Emergency Braking – безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови кој во исто време внимава на пешаците, Trailer assist – систем за помош при маневрирање со приколка, Traffic assist – систем за помош во сообраќаен метеж и Emergency assist – систем за помош во итни случаи.

Кај новиот Passat, сите погонски системи се сосема нови а палетата брои максимално  10 турбо мотори со директно вбризгување, start-stop систем и регенеративно сопирање. Бензинските TSI мотори и дизелските TDI мотори имаат опсег на моќта од 88kW / 120 КС до 206kW / 280КС. Автоматскиот DSG менувач е достапен како опција кај сите погонски системи. 

Најмоќниот четири цилиндричен турбо дизел (TDI) агрегат со директно вбризгување кој досега е понуден од страна на Volkswagen е новиот 2.0 TDI мотор со две турбини кој произведува моќност од 176kW односно 240 КС, а троши само 5.3l / 100km. Овој мотор кај лимузинската изведба ја достигнува максималната брзина од 240 km/h, додека караванската изведба развива 238 km/h. Поради високиот вртежен момент од 500 Nm, автомобилиот е опремен со погон на сите тркала – 4MOTION и седум степен менувач.

Дизел моторите започнуваат со двата популарни  2.0 TDI мотори со 110kW / 150 КС. Потрошувачка изнесува 4.1l/100km, а емисијата на CO2 108g / km. Тука е и моќната TDI верзија со 176kW / 240 КС. Кај новиот Passat ќе се вградува и 1.6 TDI со 88kW / 120 КС и 2.0 литарски TDI со моќност од 140kW / 190 КС.

nie

Како и кај претходниот модел, и новиот Volkswagen Passat на пазарот ќе биде претставен со три нивоа на опрема: Trendline, Comfortline и Highline. Дури и кај основното ниво Passat Trendline опремен е со 16 инчни тркала, пневматици со димензии 215/60 и задни LED светла кои го дополнуваат моќниот карактер на надворешноста. Функционалните карактеристики вклучуваат и стартување на автомобилот без клуч, алармирање на возачот, Automatic Post-Collision Braking – систем што ја намалува опасноста при лизгање и ризикот од понатамошни судири, индикатор за притисокот во пневматиците, „Composition Color” радио систем со 5 инчен екран во боја осетлив на допир, мултифункционален дисплеј, Auto Hold, систем за слободно движење и трозонски автоматски клима уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП