26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook претстави опција за „почист“ News Feed (видео)

Facebook претстави опција за „почист“ News Feed (видео)

fb news

Не постои корисник на „Facebook“ кој барем еднаш не се пожалил на количината на непосакувана содржина на својот ѕид. Со цел тоа да се стави под контрола, „Facebook“ ја додаде опцијата „Unfollow“ која овозможува „смирување“ на одредени лица од „friend“ листата.

Меѓутоа, во тој случај повеќе нема да добиеме ниту една објава од тој корисник. Со цел ваквата рестриктивна мерка донекаде да се ублажи, „Facebook“ воведе дополнителна опција која овозможува самите да одредиме кои информации воопшто не не интересираат, т.е. кои би сакале и натаму да ги гледаме на нашиот ѕид, но во помала мерка.

Новата опција е достапна внатре во рамките на сите од објавените вести, а се наоѓа зад стрелката во горниот десен агол. Со кликнување на тоа ќе се појави опцијата, „I don’t want to see this“, со која ќе се отстрани објавената вест.

„Facebook“ ја додаде можноста и да пријавите спорна објава, но и одберете како во иднината од една личност да добивате помалку објави. Ако личноста навистина ви додева со своите објави и натаму постои „Unfollow“ oпцијата со која ќе ги отстраните сите натамошни објави. Без грижа сите направени промени (намерни или ненамерни) ќе може во секој момент и по пат на менито „News Feeds settings“ да се променат.

Како оваа опција функционира можете да погледнете во приложеното видео, кое го подготви Грег Мара кој во „Facebook“ работи како „Project Manager“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП