27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМаркетинг буџетот за OnePlus One изнесува само...

Маркетинг буџетот за OnePlus One изнесува само…

one smartfon

Најдобрите паметни телефони кои секоја година се претставуваат, главно доаѓаат и со голема маркетинг промоција, која исто така е импресивна, како и нивните перформанси и можности, меѓутоа, постојат и исклучоци.

Кинеската компанија „OnePlus“ неодамна изјави дека успеала да продаде 500.000 примероци од својот „One“ смартфон со буџет за маркетинг од само 300 долари!

OnePlus One“ својата репутација главно ја заработи благодарејќи на задоволните корисници и добрите рецензии и препораки на друштвените сајтови.

Скоро целиот буџет е потрошен за рекламирање на „Facebook“, но ко-основачот на компанијата Карл Пеј, дел од успехот го препишува и на корисниците кои се желни за нови технологии.

„Откривме дека сега достигнавме критична маса на корисници. Тие нам сега ни помагаат органски и понатаму да ги пренесеме информациите за „One““, изјави Пеј.

Продажбата на овој смартфон можеби ќе била и поголема да не е комплициран системот со покани за купување, меѓутоа, Пеј и тука гледа предност.

„Системот за слбодно нарачување би можел да доведе максимална продажба на самиот почеток, додека на овој начин интересот на јавноста постојано расте“, додава Пеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП