7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатените играчи во НБА во оваа сезона (фото)

Најплатените играчи во НБА во оваа сезона (фото)

aba naslovna

За љубителите на кошарката летниот одмор во НБА пред новата сезона беше возбудлив период, бидејќи тимовите склучија некои големи трансфери.

Се разбира, играчите кои поминуваат во еден или друг клуб се најпрофитабилните, бидејќи во повеќето случаи потпишуваат мултимилионски договори. Погледнете кои се најскапо платените ѕвезди во НБА оваа сезона, според „ESPN“:

10. Руди Геј.

Teletovic leads Nets to 129-117 overtime win over Kings

Крилото на Сакраменто Кингс ќе заработи 19.317.326 долари во оваа сезона.

9. Дерон Вилијамс.

Basketball - NBA - New Jersey Nets vs. Toronto Raptors

Платата на плејмејкерот на Бруклин Нетс е 19.754.465 долари за сезоната 2014/2015 година. Двајцата со Џо Џонсон, кој го зазема третото место на оваа листа, сочинуваат голем дел од трошоците за плати на тимот.

8. Крис Пол.

Chris Paul, LA Clippers

Бекот на Лос Анџелес Клиперс ќе добие од својот клуб 20.068.563 долари оваа сезона.

7. Леброн Џејмс.

LeBron James wows Hong Kong fans on basketball tour

Суперѕвездата на НБА избра помала плата и враќање во родниот Кливленд. Тој, сепак останува еден од највисоко платените во оваа сезона со плата од 20.644.400 долари.

6. Крис Бош.

Basketball - NBA Finals - Heat vs. Mavericks

Откако го обнови договорот со Мајами Хит, центарот ќе заработи 20.644.400 долари во оваа сезона. Договорот на Бош е за пет години со вкупна вредност од 118 милиони долари.

5. Двајт Хауард.

Basketball - NBA - Houston Rockets vs. Charlotte Bobcats

Центарот на Хјустон Рокетс ќе добие 21.436.271 долари во оваа сезона.

4. Кармело Ентони.

New York Knicks vs Milwaukee Bucks. NBA Basketball

Машината за поени на Њујорк Никс неодамна потпиша нов петгодишен договор, кој оваа сезона ќе го направи за 22.458.401 долари побогат. Договорот на Ентони е со вкупна вредност од 124 милиони долари.

3. Џо Џонсон.

NBA: NOV 25 Trail Blazers at Nets

Бекот на Бруклин Нетс ќе добие 23.180.790 долари во оваа сезона. Џонсон потпиша шестгодишен договор со Атланта Хокс во 2010-та година, кој беше во вкупна вредност од 123.7 милиони долари. Две години подоцна, сепак Нетс го купија, за да игра заедно со Дерон Вилијамс.

2. Амар Стадемаер.

NBA: NOV 07 76ers at Knicks

Центарот на Њујорк Никс ќе заработи 23.410.988 долари во оваа сезона.

1. Коби Брајант.

NBA: MAY 25 Western Conference Finals - Lakers at Nuggets - Game 4

Коби Брајант ќе добие 23.500.000 долари за сезоната 2014/2015, што го прави 36-годишниот ветеран на Лос Анџелес Лејкерс највисоко платениот играч во лигата. Бекот потпиша двегодишно продолжување на договорот со Лејкерс во 2013-та година во вредност од 48,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП