17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо ќе потпише рекорден договор со Мекларен!?

Алонсо ќе потпише рекорден договор со Мекларен!?

alonso fernando 2

Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо се договорил со Мекларен, тврди „Ас“. Тој ќе вози за новиот тим од 2015-та година.

Според информациите договорот ќе е најголемиот во историјата на Формула 1. Па, Алонсо ќе потпише за две години со можност за продолжување за уште една.

Платата на Шпанецот ќе се зголеми значително во однос на онаа што ја добива во Ферари, додава мадридскиот весник.

Клучниот момент за Алонсо е дека добил уверување од раководството на Мекларен дека ќе има добар автомобил, кој ќе му овозможи да се бори за светската титула.

Шпанскиот пилот помина пет години во Ферари, но не успеа да стане шампион. Пред неколку дена тој изјави дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера. Потоа се појави информација дека од Мекларен му поставиле краен рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП