15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортскиот модел на BMW и Toyota е во фаза на концепт

Спортскиот модел на BMW и Toyota е во фаза на концепт

z5 bmw

„BMW“ потврди дека развојот на спортскиот модел, на кој заеднички работат германскиот и јапонскиот производител, се одвива според планот и достигнал до фазата концептно возило.

Од кога „BMW“ и „Toyota“ кон крајот на 2013-та година постигнаа договор за заедничката платформа за изработка на спортски автомобили, во јавноста се шпекулира за какви моделите станува збор.

Планирано е по завршувањето на проектот, компаниите да понудат на пазарот два различни модели, од кои секој ќе ги претставува овие два бренда на автентичен начин.

Љубителите на „Toyotа“ очекуваат дека моделот ќе ја има ознаката на јапонската марка и ќе биде наследник на моделот „Supra“.

Што се однесува до „BMW“, се верува дека новиот модел ќе претставува замена за актуелниот купе-кабриолет „Z4“. Во опција е ознаката „Z5“, а се говори и за две посебни верзии – купе и кабриолет верзија со мек покрив.

Зa погонот би можел да биде употребен 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец во верзија од oколу 190, 245 и 270 ks, додека евентуалната „M“ верзија би користела шестцилиндарски мотор со околу 425 ks.

Според претходните најави, новите спортски модели на „BMW“ и „Toyotа“ би требало да се појават во продажба во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП