5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИForbes: Ова се најскапите брендови во светот

Forbes: Ова се најскапите брендови во светот

brend app

Со 124.2 милијарди долари, „Apple“ е најскапиот бренд во светот, според листата која ја објави „Forbes“.

Од изданието разгледале над 200 големи брендови. Но, во рангирањето учествуваат само тие кои се претставени во САД, при што беа елиминирани некои мултинационални компании, како „Vodafone“ и кинеската државна „China Mobile“.

Разгледани се добивките на компаниите во последните 3 години, соодносот цена-добивка за тој период и други фактори. Во првите 100 влегуваат марки од 15 земји и 20 индустрии. Повеќето од половина марки се од САД. Следува Германија со 9, Франција со 7 и Јапонија со 5.

Најмногу се технолошките компании, а во првите 25 има 11 компании од овој сектор. Следат автомобилските марки – 16 во топ 100. Меѓу нив прва е „Toyota“.

Брендот „Apple“ успева да продава производи со максимална цена. Постојат и други производи со сличен на нејзиниот квалитет, но „Apple“ има поголема тежина и доверба. За последниот квартал компанијата има продадено 39.3 милиони примероци на „iPhone“, како и 12,3 милиони таблети „iPad“. Нејзината вредност е зголемена за 19% за една година, според рангирањето. Вредноста на брендот „Apple“ е речиси двапати поголема од следниот бренд во ова рангирање.

На второ место се наоѓа „Microsoft“ со 63 милијарди долари.

Најголем раст во однос на минатата година забележува „Facebook“, која додава цели 74% или до 23.7 милијарди долари и го зазема 18-тото место. Социјалната мрежа може да се пофали со 864 милиони активни корисници на ден!

Меѓу тие кои најмногу напредуваа во листата се брендовите „Amazon.com“ (+ 45%), „Starbucks“ (+ 25%), „Toyota“ (+ 22%) и „Nike“ (+ 22%).

Apple-forbes-list

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП