3 јули, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНов вирус ги напаѓа уредите на Епл

Нов вирус ги напаѓа уредите на Епл

iphone

Експерти за кибер-заштита од компанијата „Пало Алто нетворкс“ предупредија за појава на компјутерски вирус, кој ги напаѓа уредите на Епл, вклучувајќи ги смартфоните Ајфон, таблетите Ајпад и компјутерите Мек.

Со вирусот, кој е наречен Вајер Ларкер, можно е веќе да се заразени апаратите на стотици илјади клиенти на Епл, сметаат експертите.

Вирусот се проширил по големиот напад врз услугите Ајклауд на територијата на Кина минатиот месец, речиси веднаш по пуштањето во продажба на новиот Ајфон 6 на кинескиот пазар.

Според податоци на „Пало Алто нетворкс“, вирусот ги зафаќа компјутерите и таблетите преку преземање апликации од Маијади.

Со новиот вирус се заразени повеќе од 400 апликации на Мек, кои биле преземени повеќе од 350 илјади пати.

ВајерЛаркер може да украде различни информации од заразените мобилни уреди и да прима барања од серверот, кој го имаат под контрола оние што го изработиле вирусот, наведуваат експерти на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП