26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo го зголеми профитот за 19 проценти

Lenovo го зголеми профитот за 19 проценти

A man walks past a Lenovo shop in a comp

Профитот на најголемиот производител на персонални компјутери во светот и третиот најголем производител на паметни телефони – кинеската компанија „Lenovo“, се зголеми за 19% во изминатиот квартал.

Од компанијата потврдија добивка од 262 милиони долари, што ги надминува просечните очекувања на аналитичарите од 260 милиони долари. Приходите за тримесечниот период се зголемиле за 7% или до 10,5 милијарди долари.

Во последните недели компанијата заврши со двете аквизиции вредни неколку милијарди долари – тоа е одделот за сервери на „IBM“ и на единицата за производство на мобилни телефони на „Google“ – „Motorola“.

Компанијата го назначи коосновачот на „Yahoo!“ – Џери Јанг, во бордот на директори. Тој исто така е член и на одборот на директори на „Alibaba Group Holding“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП