1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПетте најчести измами на Facebook

Петте најчести измами на Facebook

fb j

Корисниците на „Facebook“ продолжуваат да веруваат на истите стари лаги, покажува најновото истражување.

Дури и луѓе со добро образование дозволуваат да бидат заведени и да поверуваат во работи во социјалната мрежа кои се несоодветни и дури опасни. Истражувањето е спроведено во текот на две години, а истражувани се над 850.000 измами.

Компанијата за безбедност „Bitdefender“ утврдила дека измамниците ги заразиле уредите на милиони корисници, користејќи нови верзии на старите трикови.

Речиси половина од измамите се потпираат на љубопитноста на потрошувачите, кои би сакале да проверат кој го разгледувал нивниот профил. Највообичаената измама нуди шанса да видиме дали поранешните партнери тајно го гледале нашиот профил.

Околу една од секои три измами ги привлекува жртвите со функции, какви „Facebook“ воопшто ги нема, како копчето „не ми се допаѓа“ или различни бои за ѕидот на профилот.

Лажни награди, вклучувајќи бесплатни билети за „Дизниленд“ и игри на среќа, претставуваат 16,5% од измамите во последните две години.

Евиденцијата на личности кои користат сексуална содржина сочинуваат 7,5% од измамите. Во исто време видеата кои прикажуваат жестоки кадри, за да го привлечат вниманието на „Facebook“ корисниците, се 1% од сите измами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП