18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМожност за животно осигурување и вложување со Винер Лајф и КД Фондови

Можност за животно осигурување и вложување со Винер Лајф и КД Фондови

Winner-life

Винер животно осигурување и КД Фондови потпишаа меморандум за соработка. Целта на оваа соработка е да се понудат комбинирани пакети од осигурителни, штедни и вложувачки производи, што ќе им овозможат на осигурениците поголема понуда и опции при избор на животно осигурување.

„Меморандумот со кој се официјализира нашата претходна соработка ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни. Приоритетно, излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните со создавање на нови погодности за животно осигурување и штедење во вложувачки производи во исто време. Дополнително, со овој чекор се очекува да се поттикне успешен и одржлив развој на небанкарскиот финансиски сектор во Република Македонија“, изјавија од Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје.

И двете компании, Друштвото за животно осигурувањеВинер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје и Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, се дел од реномирани финансиски групации што гарантира успешност на соработката и квалитет на производите.

„Со овој меморандум на осигурениците и вложувачите им помагаме при оплодувањето на средствата додека ги користат и бенефитите на животното осигурување. Со помош на знаењето, искуството и традицијата ја правдаме укажаната доверба и градиме долгорочен однос со клиентите и партнерите, со цел обезбедување долгорочно присуство на пазарот“, изјавија од КД Фондови.

Заедничкото меѓународно искуство на двете компании, ги следи најдобрите групациски, европски и светски трендови во областите на осигурувањето и управувањето со средства. Сето тоа ќе ги подигне професионалните стандарди при посредувањето со финансиски производи и овде во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП