Неодамна претставениот „iPad Mini 3“ би можел да биде последниот производ од оваа линија, доколку се покажат како вистинити шпекулациите кои се појавија во медиумите.
Тајвански извори блиски до „Apple“ говорат дека компанијата своите ресурси од следната година пред се ќе ги насочи кон развој на нов, голем „iPad“. Тоа би требало да биде моделот „Pro“ со екран од 12.2-инчи, додека помалиот „iPad“ нема да се најде во продажниот асортиман.
Основната причина за таквата одлука е нешто послабата продажба на моделот „Mini“, која не го оправдува неговиот натамошен развој.
Продажбата на 7.9-инчниот „Mini“ би можела да биде уште понамалена и од страна на новиот 5.5-инчен фаблет – „iPhone 6 Plus“ кој лесно може да послужи наместо помал таблет уред.
Претставувањето на „iPad Pro“ се очекува за првата половина од 2015-та година, па тогаш со сигурност ќе ја дознаеме и судбината на моделот „Mini“.