28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде одат парите на Гејтс наменети за гладните?

Каде одат парите на Гејтс наменети за гладните?

bil pari2 2

Вториот најбогат човек во светот Бил Гејтс дава многу пари во хуманитарни цели, но се покажува дека само мал дел од тие средства се трошат за вистинската намена.

Како што пишува лондонски „Гардијан“, истражувањето на групацијата „Грејн“ покажува дека од трите милијарди долари донирани за помош на гладните во целиот свет од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, само десет проценти завршиле во Африка, а дури 75 отсто отишле на сметки на разни организации во САД, Велика Британија и други богати земји.

Преостанатите 1,5 милијарди од сретствата ги користеле стотина организации за истражување и развој ширум светот.

„Од тие пари повеќе од 80 проценти од средствата, доделени се пред се на ораганизации од САД, потоа од Велика Британија, Германија и Холандија“, наведува шпанската „Грејн“ во својот извештај.

Вкупно се уплатени 678 милиони долари на сметки на универзитети и на национални истражувачки центри, но поразително е тоа што истата таа ситуација – 79 проценти од парите, завршиле во САД и Европа, а од нив само 12 проценти во Африка.

„Разликата е шокантна, тоа го покажуваат и невладините организации. Од 669 милијарди само четири проценти завршиле во Африка, додека 75 проценти во САД. Бевме зачудени кога ги анализиравме податоците и видовме дека тие сакаат да се борат против гладта на јужниот дел од планетата, давајќи пари на северни организации“, се додава во извештајот.

Како што се наведува, лидерите на Фондацијата на Гејтс „не ги слушаат локалните земјоделци“.

„Најголемиот дел од средствата одат на организации кои се занимаваат со високотехнолошки решенија, кои земјоделците ги применуваат на своите посеви. Африканските земјоделци се во таква позиција, што само некои консумираат знаење и технологија од страна“, се наведува во извештајот.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс е една најголемите во светот, во која 38 милијарди вложи првиот човек на „Мајкрософт“. Во фокусот на Фондацијата е Африка и поголемиот дел од активносите се насочни кон африканскиот проблем, но сепак овој извештај покажува дека многу малку средства директно се вложуват во Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП