18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOppo N3 со ротирачка камера (видео)

Oppo N3 со ротирачка камера (видео)

oppo n3

Неодамна пишувавме дека кинескиот производител на смартфони – „Oppo“ го претстави моментално најтенкиот паметен телефон на светот – „R5“, меѓутоа во исто време пристигна и „N3“ кој не залужи да се најде во втор план.

Новиот „N3“ всушност е наследник на моделот „N1“, кој компанијата го претстави една година претходно. „Oppo N1“ стана познат по тоа што е првиот смартфон кој имаше ротирачка камера. Благодарејќи на тоа квалитетот на фотографиите и видео записите беше ист без оглед дали се снимаат со предна или задна камера.

Новиот „N3“ модел исто така е опремен со ротирачка камера, која во однос на „N1“ моделот ќе биде значително подобрена. Покрај сензорот од 16 MP, подобрување има и самото ротирање на камерата, кое сега се извршува со помош на мало моторче, што воедно го олеснува и снимањето на панорамски фотографии. Со ротација на камерата може да се управува на два начини – по пат на „O-click“ далечинскиот управувач или со движење на прстот по екранот.

Што се однесува до вградениот хардвер, новиот „N3“ доаѓа со четиријадрен „Qualcomm Snapdragon 801“ процесор со такт од 2,3 GHz. Кога станува збор за меморијата (работната и за податоци), „Oppo“ не се штедеше, па новиот „N3“ е опремен со 2 GB RAM и со 32 GB простор за чување податоци, кој дополнително може да се прошири со мемориска картичка (microSD).

Тука е и 5.5-инчниот екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, како и поддршката за „DUAL SIM“ и „LTE“. „Oppo“ на задната страна на куќиштето вргради читач за отисок на прстите, кој воедно служи и како „touchpad“. Димензиите на уредот се нешто помали во однос на оргиналниот модел – 161,2 x 77 x 9,9 милиметри. Според тежината, „Oppo N3“ со своите 192 грама се вбројува меѓу потешките модели на пазарот.

Овој смартфон го користи оперативниот систем на компанијата, „ColorOS“ кој се темели на последната „KitKat 4.4.4“ верзија на „Android“. На пазарот ќе пристигне до крајот на годината, а се очекува цената да биде во рангот на премиум моделите на другите производители – 649.99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП