2 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОдлично полугодие за Alstom

Одлично полугодие за Alstom

alstom0,,17594148_303,00

Француската енергетска и железничка групација „Alstom“ забележа раст на приходи од 13 проценти во првото полугодие од фискалната 2014-2015 година која завршува во март.

Оперативниот профит на компанијата од април до крајот на септември 2014 година изнесуваше 152 милиони евра, што е раст од 21 процент во однос на претходното полугодие, пренесува АФП.

Продажбата пораснала за 13 проценти, додека оперативната маржа за 30 базни поени.

Проектот меѓу „Alstom“ и „General Electric“ е на добар пат, консултативните разговори на управите се завршени, договорот за преземање како и останатите помошни договори се потпишани и авторизацијата на декретот за странските инвестиции е извршена.

Управниот одбор на француската железничка и енергетска групација „Alstom“ на крајот на јуни ја прифати понудата на компанија „General Electric“.

Американскиот конгломерат „General Electric“ понуди 17 милијарди долари за енергетскиот бизнис на „Alstom“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар