2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоментално најдобрите смартфони во светот

Моментално најдобрите смартфони во светот

South Korea Samsung Note Hopes

Новогодишните празници се пред нас, а еден од подароците кој скоро секого ќе го направи среќен е мобилен телефон. Меѓутоа, не секогаш е лесно да се избере, затоа што на пазарот има многу модели.

„Business Insider“ ја направи листата на моментално најдобрите смартфони на светот.

На прво место е неприкосновениот „iPhone 6“ кој моментално е најбаран, затоа што претставува совршен спој на дизајн и разновидни апликации. „Apple“ се погрижи и да го зголеми екранот на новиот модел. Ова би требало да биде Вашиот прв избор, освен ако не можете без „Android“ оперативниот систем. Цената на овој телефон изнесува 649 долари.

На второ место исто така е новитетот од „Apple“, „iPhone 6 Plus“. Доколку сакате фаблет, тогаш овој моментално е најдобриот на пазарот. За разлика од фаблетите кои можат да бидат „дебели“, гломазни и пластични, „iPhone 6 Plus“ е совршен, пишува „Business Insider“. Цената изнесува 749 долари.

Трет на листата најдобри е „Galaxy Note 4“ за кој велат дека е најдобриот телефон кој досега „Samsung“ го има направено. Има 5.7-инчен екран, досега најдобриот употребен на еден паметен телефон. Има метално куќиште кое го прави телефонот многу поцврст од претходните верзии. Неговата цена е 750 долари.

„HTC One“ (M8) e следниот на листата. Тоа е најдобриот телефон со „Android“ оперативниот систем кој моментално може да се купи. Дизајнот е прекрасен, а металното куќиште е многу квалитетно. Овој телефон има дополнителна задна камера која делува како сензор за длабочина, така што подоцна можете да ги модифицирате фотографиите. Овој смартфон се продава по цена од 540 долари.

„Moto X“ e новиот паметен телефон на „Motorolа“ и претендира да ја превземе титулата најдобар „Android“ телефон. Слично како и „Google Nexus 5“, „Moto X“ многу бргу ги добива најновите промени на оперативниот систем. Неговиот изглед е многу привлечен, а екранот е од 5.2-инчи. Цената на уредот е 500 долари.

Останатите модели на листата на најдобри:

6. OnePlus One – 300 долари (заклучен).

7. Samsung Galaxy S5 – 610 долари.

8. Sony Xperia Z3 – 630 долари.

9. Google Nexus 5 – 349 долари (заклучен).

10. LG G3 – 599 долари.

11. iPhone 5S – 549 долари.

12. HTC One M8 for Windows – 600 долари.

13. Nokia Lumia 1520 – 585 долари.

14. Amazon Fire – 450 долари.

15. BlackBerry Passport – 600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП