Киев вчера соопшти дека на руската компанија „Гаспром“ и платил 1,45 милијарди долари од својот долг, што беше првиот услов за продолжување на испораката на рускиот гас за Украина.
Украинската јавна компанија „Нафтогас“ и ја исплати на компанијата „Гаспром“ првата рата од 1,45 милијарди долари од заостанатиот долг“, од вкупно 3,1 милијарди долари долг кој Киев треба да го плати до крајот на годината, наведува украинската компанија во своето соопштение.
По повеќето преговори, Украина, Русија и ЕУ минатиот четврток постигнаа договор за испорака на рускиот гас, со кој се обезбедува снабдување на Украина, но и на Западна Европа, со гас во текот на зимата.
Според тој договор, до крајот на годината треба да биде уплатена уште една транша од долгот, од 1,65 милијарди долари.