Самсунг откри дека новиот оперативен систем Андроид 5.0 Лолипоп ќе биде достапен и на Галакси С4.
Интернационалната верзија на уредот со Ексунос процесор на почетокот на идната година ќе добие можност за надградба на Андроид 5.0 Лолипоп.
Моделот со Снапдрагон процесор надградба на Лолипоп ќе добие нешто подозна, а се очекува дека новиот оперативен систем на Андроид ќе биде достапен и за моделот Галакси С4 Актив.
Корејскиот производител на смартфони претходно веќе најави дека најновата изведба на Андроид оперативниот систем ќе биде достапен за Галакси С5 и Ноут 4.