21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид и Борусија Дортмунд со максимален ефект

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд со максимален ефект

jojok

Европскиот шампион Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се двете екипи кои имаат максимален ефект по 4.коло во Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен ја постигнаа и четвртата победа.

Реал го совлада Ливерпул, а Борусија беше поуспешна од Галатасарај.

Најголемото изненадување го направи Андерлехт, кој по негативата од 3:0 успеа да освои бод на гостувањето кај Арсенал играјќи 3:3.

Резултати и табели по 4.коло во првите четири групи:

А група: Јувентус – Олимпијакос 3:2, Малме – Атлетико Мадрид 0:2.
Табела: Атлетико Мадрид 9 бодови, Јувентус 6, Олимпијакос 6, Малме 3.

Б група: Реал Мадрид – Ливерпул 1:0, Базел – Лудогорец 4:0.
Табела: Реал Мадрид 12 бода, Базел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3.

Ц група: Зенит – Баер Леверкузен 1:2, Бенфика – Монако 1:0.
Табела: Баер Леверкузен 9 бодови, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4.

Д група: Арсенал – Андерлехт 3:3, Борусија Дортмунд – Галатасарај 4:1.
Табела: Борусија Дортмунд 12 бодови, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1.

Вечерва се играат натпреварите во другите четири групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП