Германскиот производител на луксузни автомобили „BMW“ соопшти дека оперативната добивка на компанијата за третиот квартал е зголемен за 17%.
Тримесечната добивка пред камати и даноци (EBIT) изнесува 2.26 милијарди евра, објавија од баварскиот производител на возила. Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествувале во анкетата на „Reuters“, беа во просек од 2 милијарди евра позитивен резултат.
Продажбата на автомобили е зголемена за 6,9% за овој квартал, зголемувајќи ја маргината на „EBIT“ добивката на „BMW“ до 9,4%, што е повеќе од постигнатите 8.6% на „Mercedes-Benz“ и 9.2% од страна на „Audi“.
Во периодот јануари-септември продажбата на нови автомобили на „BMW“ бележи пораст во сите основни региони, вклучувајќи ги Европа, Азија и САД.
Продажбата на новите модели, како „X5“, му помогнале на „BMW“ да ја задржи „EBIT“ маргината на горната граница на својот таргет помеѓу 8 и 10%.