5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHugo Boss ја намали прогнозата за годишните резултати

Hugo Boss ја намали прогнозата за годишните резултати

Hugo-Boss-004

Германскиот производител на луксузна облека „Hugo Boss“ ја намали прогнозата за приходите и профитот за 2014 година поради забавувањето на европската економија, соопштија од таа компанија.

Во третиот квартал нето профитот е зголемен за 2,0 проценти на 114,7 милиони евра, додека приходите се зголемиле за 9,0 проценти, на 717 милиони евра.

Аналитичарите во просек очекуваа нето профит од 123 милиони и приходи од 710 милиони евра, пренесуваат агенциите.

Компанијата во иднина смета на органски раст на приходите од 6,0 до 8,0 проценти за 2014 година и зголемување на оперативниот профит од 5,0 до 7,0 проценти, наместо досегашните 10 проценти, во двата случаи, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП