2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia развива премиум Android смартфон

Nokia развива премиум Android смартфон

nokia android tele

„Nokia“, која го продаде телефонскиот бизнис на „Microsoft“, ќе се обиде да влезе на „Android“ пазарот. Според кинески извори тим на компанијата развива „Android“ смартфон.

Се тврди дека новиот уред ќе има врвни карактеристики и компанијата ќе го позиционира како предводник во својата гама. „Nokia“, сепак нема право да го користи свој бренд за телефони во текот на следните десет години, според условите на договорот со „Microsoft“.

Финската компанија може да го заобиколи ова ограничување и да наметне нов бренд преку партнерите, како „Compal“ и „Foxconn“ кои произведуваат уреди по нарачка.

Nokia“ веќе има во својата гама неколку уреди кои го користат оперативниот систем „Android“. Тоа се моделите „Nokia X“, „Nokia XL“ и „Nokia XL +“, но нивната продажба не е импресивна.

Разработката на новиот модел е доделен на тимот кој го создаде моделот „Nokia N9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП