2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ: Лимоните што се увезуваат во Македонија се безбедни

АХВ: Лимоните што се увезуваат во Македонија се безбедни

F1BE300535D3DF4DB79A931A8A408BB2

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција.

„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање мостри и вршење лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми“, се вели во соопштението од Агенцијата.

Воедно, се најавува дека, по изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.

Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП