2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai продаде 10 милиони примероци на Elantrа

Hyundai продаде 10 милиони примероци на Elantrа

eleantra 10 mil

Корејскиот производител го претстави овој модел уште во 1990-та година под името „Lantra“, a зa две и пол денецнии, колку „(E)lantra“ е присутна на пазарот, ширум светот се испорачани десет милиони примероци.

За нецели 25 години, „Hyundai“ просечно годишно продава околу 420.000 автомобили со ознаката „Elantra“ или „Avante“, како што се нарекува овој модел на некои пазари.

Актуелната верзија беше претставена во 2010-та година, а во 2013-та беше редизајнирана.

„Elantra“ е особено успешна на северноамериканскиот пазар, каде во 2010-та беше прогласена за автомобил на годината. Во својата студија за 2014-та, „J.D Power“ овој модел го означи како најквалитетен во својот сегмент.

Токму благодарејќи на „Elantrа“, кој е најпродаван модел на компанијата „Hyundai“ во САД, овој производител веќе четврта година по ред ги соборува продажните рекорди во таа земја.

Со 10 милиони продадени единици, „Elantra“ се најде меѓу десетте автомобилски модели во историјата кои се испорачани во толкав број на примероци. Првото место на таа листа го држи „Toyota Corolla“ која во 2013-та година ја надмина бројката од 40 милиони продадени примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП