5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗабрана за работа на P&G во Аргентина

Забрана за работа на P&G во Аргентина

Earns Procter and Gamble

Аргентина привремно го забрани работењето на мултинационалната компанија „Procter & Gamble – P&G“ во таа земја и ја обвини за нелегално изнесување на пари и даночно затајување.

Компанијата која стои зад десетина најголеми светски брендови меѓу кои се и пелените „Pampers“, батериите „Duracell“ и прашокот „Tide“ е обвинета дека изнела 138 милиони долари од оваа земја, ги прикрила вистинските износи на профитот и така го избегнала плаќањето на данокот.

„Мораме да им застанеме на патот на тие трикови кои ги користат меѓународните компании“, соопштија на претседателскиот сајт на Аргентина.

Компанијата „P&G“ соошти дека работи на тоа да ги „разбере и да им одговори на обвинувањата“, а во Аргентина работи од 1991 година, каде има три фабрики за производство и два дистрибутивни центри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП