2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Meriva и Zafira ќе бидат кросовери од 2016-та година

Opel Meriva и Zafira ќе бидат кросовери од 2016-та година

opel mz

Следните генерации на моделите „Meriva“ и „Zafira“ ќе имаат карактеристики на кросовер возила, со цел да излезат во пресрет на барањата на европскиот пазар, кој се повеќе се насочува кон овој вид на автомобили, дознава „Auto Express“.

Новите „Meriva“ и „Zafira“ ќе бидат развиени во соработка со групацијата „Peugeot-Citroen“ (PSA), а во продажба ќе се најдат најрано до 2016-та година.

„Таквиот тип на возила ги нарекуваме „CUV“ (crossover utility vehicle)“, ја објаснува новата концепција на „Merivа“ и „Zafirа“ претседателот на „Vauxhall“, Тим Тозер.

„Сакаме и натаму да останеме посветени на производството на возила кои ги задоволуваат семејните потреби, но тој автомобили воедно да биде во согласност со актуелните трендови и модата на европскиот пазар“, изјави Тозер.

Во меѓувреме, извор од компанијата „Opel“ потврди за магазинот „Auto Express“ дека новите „Meriva“ и „Zafira“ ќе настанат како плод на соработката со „PSA“. Oд заедничкиот проект корист ќе има и „Peugeot-Citroen“, затоа што и таа компанија на купувачите ќе им понуди два слични „CUV“ модели под ознаките на брендовите „Peugeot“ или „Citroen“.

opel mz1

Соработката со „PSA“ е договорена со цел да се намалат трошоците за развојот на новите модели. „General Motors“ (GM) и „PSA“ најавија дека заедно ќе работат на новите модели уште од почетокот на 2013-та, а и тогаш се споменуваше „Zafira“, како прв во низата заеднички проекти.

Од друга страна, можноста идната генерација на мини-ван возилата на „Opel“ да прераснат во кросовер автомобили, во април ја објави извршниот директор, Карл-Томас Нојман, во разговор за „Autonews Europe“.

Пред компанијата „Opel“, и „Renault“ на сличен начин го редефинираше својот мини-ван модел „Espace“, така што новата генерација ја доближи до сегментот на кросовер возила.

Моделите на „Opel“ и „PSA“ ќе ја делат истата платформа и мотори, но стилски во целост ќе се разликуваат, а ние ви ги пренесуваме неофицијалните компјутерски цртежи кои ги објави „Auto Express“ на можниот изглед на „Zafirа“ и „Merivа“ за 2016-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП